Општина Крива Паланка се претстави на Саемот на прекугранични проекти

Вкупно 33 успешни проекти, финансирани од првиот повик на ИПА-програмата за прекугранична соработка помеѓу Македонија и Бугарија, денеска беа презентирани на Саемот на прекугранични проекти, кој се одржа во Ќустендил. Саемот се одржува по повод Европскиот ден на соработка, 21 септември, кој првпат годинава ќе биде прославен во цела Европа, со повеќе од 100 локални настани и со учество на 75 европски програми за територијална соработка. Целта е да се промовираат достигнувањата во соработката помеѓу европските региони и земји и да се разменат добрите и успешни искуства.

Билатералниот настан во Ќустендил го организира Министерството за регионален развој и јавни работи на Бугарија и Министерството за локална самоуправа на Македонија. На Саемот пограничните општини имаа можност да ги презентираат заедничките проекти со партнерските општини.

Општина Kрива Паланка ги претстави проектите „Под едно небо“, „Kултурното наследство-мост кон заедничка иднина“ и „Туризам без граници“, финансиски поддржани од првиот повик на ИПА-програмата за прекугранична соработка помеѓу овие две земји. На главната саемска сцена настапија македонски и бугарски ансамбли и изведувачи на традиционалната песна и игра.

 

 

Големина на фонт
Контраст