Започна реновирањето на Вавилон центарот

Општина Крива Паланка започна со реализација на вториот успешено добиен проект, финансиран од Мировниот корпус на Соединетите Американски Држави и Општина Крива Паланка.Проектот предвидува внатрешно и надворешно реновирање на некогашниот Вавилон Центар. Носител на проектот се:

-Извидничкиот одред Наум Наумовски-Борче од Крива Паланка и
-Општина Крива Паланка
, со средства за целосно надворешно реновирање.

Носителот на проектот, Извидничкиот одред Наум Наумовски-Борче од Крива Паланка, со финансиски средства добиени од Мировниот корпус на САД  во висина од 4000 долари, на волонтерска основа ќе изврши целосно внатрешно реновирање на објектот (некогашен Вавилон Центар), а Општина Крива Паланка како партнер во проектот ќе изврши целосно надворешно реновирање на објектот,  запазувајќи ги стандардите за енергетска ефикасност.

Со надворешното реновирање на објектот кој ќе опфати поставување на изолационен материјал (стиропол 5 см), цигла 10 см. и надворешно малтерисување, објектот ќе добие својство на  објект изграден од материјали со кој се запазуваат стандардите за  енергетска ефикасност.

Исто така ќе се направи целосно реновирање на дотраениот кров со средства обезбедени од Општина Крива Паланка.

Со реновирање на овој објект општина Крива Паланка започна со имплементирање на планот за енергетска ефикасност на објектите, што е од  витално значење за целата  заедница.

Големина на фонт
Контраст