Започна реконструкцијата на дел од улицата Свети Јоаким Осоговски

На 17.09.2012г. започнаа градежните активности за реконструкција на дел од ул. „Св. Јоаким Осоговски“ од  „Стара фурна“ до фурна  „Малеш“ т.е. на потегот каде коловозот се уште е со гранитна коцка.Изведувач на работите е фирмата „Цвет компани“-Скопје, надзор на градежните работи ќе врши фирмата „Генико“- Прилеп, а на електричната инсталација фирмата „Електролајт“ –Куманово. Вкупната вредност на работите изнесува 4.278.985 денари, обезбедени во најголем дел од сопствени средства на Општината и помал дел, 1.400.000 денари,  преку програмата на Форум на заедници на Швајцарската агенција за развој и соработка. МЦМС во својство на имплементирачка организација во соработка со Општина Крива Паланка раководи со активностите за реализација на проектот.

Земајќи го во предвид краткиот рок за изведба на работите, по барање на изведувачот, како и на имателите на подземни инсталации, овој дел од улицата  целосно ќе биде затворен за моторен сообраќај почнувајќи од 17.09.2012 год.

Со реконструкцијата на овој дел од улицата значително ќе се подобрат условите за одвивање на сообраќајот, а со изведбата на атмосферска канализацијаи и новото улично осветлување ќе се добие современ изглед на овој централен градски реон. 

Ги молиме граѓаните да имаат разбирање за потешкотиите во одвивањето на сообраќајот за време на изведба на работите.

Големина на фонт
Контраст