Свечено отворен четвртиот Меѓународен театарски фестивал „Свети Јоаким Осоговски“

На 15 септември, во Н.У.Центар за култура од Крива Паланка, свечено беше отворено четвртото издание на Меѓународениот театарски фестивал „Свети Јоаким Осоговски“, кој се организира под покровителство на Општина Крива Паланка и со финансиска подршка на Министерството за култура. На свеченоста присуствуваа претставници од дипломатскиот кор, амбасадорот на Црна Гора, Душан Мрдовиќ, амбасадорот на Р.Бугарија, Иван Петков, владини претставници, годинешниов лауреат на фестивалот, актерот Петар Темелковски, доајенот на македонското глумиште, г-ѓа Милица Стојанова и други истакнати гости од Крива Паланка и од државата. Фестивалот беше отворен со претставата „Уморни“ на Културно-креативниот центар „Акорд“ од Никшиќ, Црна Гора.

Пригодна реч за Меѓународниот театарски фестивал даде  градоначалникот на Крива Паланка, Арсенчо Алексовски.

Говор на градоначалникот Алексовски


 

Големина на фонт
Контраст