Пуштен во употреба локалниот пат кон с.Градец и партерно уредениот локалитет кај испосницата на Свети Јоаким Осоговски

Во петок на 14.09.2012г. свечено беше пуштен во употреба новоизградениот пат Крива Паланка – село Градец (до локалитетот „Испосница на Свети Јоаким Осоговски“) во должина од 1 км и партерно уредениот локалитет ИСПОСНИЦА НА СВЕТИ ЈОАКИМ ОСОГОВСКИ“  со новоизградениот трем и амфитетар, како и заштитената испосница на светецот.

Градоначалникот на Општина Крива Паланка Арсенчо г.Алексовски, заменик министерот за локална самоуправа г.Сашо Лазаревски, претставиник на Општина Дупница, г.Николај Дохчев раководител на ЗТС, како  и претседателот на месната заедница Благоје Додевски  го пуштија во употреба новоизградениот пат.

На свеченоста присуствуваа  голем број жители од месната заедница, претставници од Општина Дупница -нашиот прекуграничен партнер, претставици од абмасадата на Р.Бугарија, претставници на Владата на РМ, претставници од Заедничкиот технички секретаријат од Ќустандил, почитуваните претставници од Македонската Православна Црква, претставници од Североисточниот плански регион, медиуми, како и други значајни гости.

Претставниците од Македонската Православна Црква одржаа свечена богослужба, осветување на локалитетот и крстење на вода на Испосницата на светецот. Поради неповолните временски услови дел од предвидената програма не се реализира, но и покрај тоа  присутните граѓани со големо задоволство го проследија обраќањето на градоначлникот Арсенчо Алексовски.

Говор на Градоначалникот Алексовски

 

Големина на фонт
Контраст