Покана за свечената манифестацијата по повод завршувањето на проектот „Под едно небо“

Почитувани сограѓани,

Општина Крива Паланка има чест да Ве покани на свечена манифестација која ќе се одржи на 14.09.2012 год (петок), во село Градец, oпштина Крива Паланка, како дел од проектот „ПОД ЕДНО НЕБО“,  кој што Општината го реализира во рамки на  програмата за прекугранична соработка со Р. Бугарија, а со цел зачувување на природното и културно наследство и негово ставање во функција на развој на туризмот.

На манифестацијата ќе земат учество високи претстваници од Р. Македонија и од Р. Бугарија и тоа:

  • Неговото блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан;
  •  г.Сашо Лазаревски, Заменик-министер во Министерството за локална самоуправа на Р. Македонија;
  • г.Николај Нанков, Заменик-министер во Министерството за регионален развој и јавни работи на Р. Бугарија;
  • г. Методи Чимев, Градоначалник на Општина Дупница, Р. Бугарија
  • Претставници од Делегацијата на ЕУ во Македонија;
  • Претставници од Секретаријатот за европски прашања, Влада на Р. Македонија
  • Претставници од Заедничкиот технички секретаријат во Ќустендил,како и други видни и еминентни личности од регионот;

Настанот се поклопува со најголемиот верски празник во овој регион – Свети Симеон, со што се очекува зголемена посетеност и фрекфенција од локалното население.

На манифестацијата свечено ќе бидат пуштени во употреба новоизградениот пат Крива Паланка – село Градец (до локалитет испосница на Св. Јоаким Осоговски) во должина од 1 км и партерно уредениот локалитет ,,ИСПОСНИЦА НА СВЕТИ ЈОАКИМ ОСОГОВСКИ“ со новоизградениот трем и амфитетар, како и заштитената испосница на светецот.

 

АГЕНДА

13:00 – 13:30

Свечено пуштање во употреба на дел од патот Крива Паланка-с. Градец

Свечено обраќање на:

• г-дин Арсенчо Алексовски – Градоначалник на Општина Крива Паланка

• г-дин Сашо Лазаровски – Заменик министер во Министерство за Локална Самоуправа на Р. Македонија

• г-дин Методи Чимев – Градоначалник на Општина Дупница, Република Бугарија

• г-дин Николај Нанков – Заменик министер во Министерство за регионален развој и јавни работи на Р. Бугарија

13:30 – 14:00

Свечена богослужба осветување на патот и локалитетот од страна на претставниците на Македонската Православна Црква

14:00 – 14:30

Крстење на вода на Испосницата на светецот

15:00 – 15:30

Мала културно уметничка програма

  • „Децата на сонцето“ – монодрама во изведба на актерот Петар Темелковски
  • настап на Фолклорниот ансамбл КУД „8ми Октомври“ од Крива Паланка

15:30 – 16:00

Мал коктел и панорамска прошетка на локалитеот

 

 

Општина Крива Паланка
Градоначалник,
Арсенчо Алексовски

Големина на фонт
Контраст