Потпишан договор за реконструкција на дел од улицата Св.Јоаким Осоговски

Денес во просториите на Локалната самоуправа беше потпишан Договор за реконструкција  на дел од главната улица  „Св.Јоаким Осоговски“, помеѓу Oпштина Крива Паланка и економскиот оператор „Цвет Копани ДООЕЛ Скопје“. Со договорот се предвидува реализација на проектот за реконструкција на делот од главната улица „Св.Јоаким Осоговски“ чија вредност изнесува 4.006 332,54 денари.

Проектот за реконструкцијата на дел од главната улица на локалитетот „Стара чаршија“ доби најголема подршка од граѓаните  кои учествуваа на Форумот на заедницата. Со реконструкција на овој дел од главната улица истовремено ќе се решат повеќе проблеми кои ги мачат граѓаните. Дотраениот коловоз од коцки ќе се замени со асфалт, пешаците ќе добијат тротоари за безбедно движење, ќе се реши атмосферската канализација, улицата ќе се електрифицира и ќе се санира паднатиот потпорен ѕид кај Зелениот пазар. Со тоа ќе се подобри квалитетот на живот на граѓаните, а Крива Паланка ќе добие подобар изглед на централното градско подрачје.

При потпишувањето на договорот, градоначалникот Арсенчо Алексовски инсистираше на точно дефинирање на  динамиката на изведбата на проектот од страна на економскиот оператор, се со цел навремено исполнување на обврските согласно договорот.

Големина на фонт
Контраст