Делегација од Општина Крива Паланка ја посети Млава, Р.Полска

Градоначалникот на општина Крива Паланка г.Арсенчо Алексовски, на покана на неговиот полски колега г.Славомир Ковалевски, оствари неколкудневна посета на Млава, Полска. По претходно склучениот Договор за соработка помеѓу Општина Крива Паланка и градот Млава во Полска, кој беше потпишан на празникот на општината 8-ми Октомври 2011 година, соработката започна со посетата на фолклорната група од овој град за Меѓународниот фолклорен фестивал „Св. Јоаким Осоговски“, кој се одржа од 25 до 27 aвгуст во Крива Паланка.

Соработката продолжи со возвратната посета на делегација од општина Крива Паланка, која присуствуваше на  „Реконструкцијата на битката за Млава“, настан кој се одржува веќе 5-ти пат по ред. Покрај овој културно историски настан посетата беш насочена и кон согледување на идните можности за соработка помеѓу двата града особено во поглед на заеднички активности за аплицирање и реализација на проекти финансирани од Европската унија.

Имено Битката за Млава претставува настан, дел од историјата на Полска, во чест на сите оние жители на градот Млава кои загинале во екот на Втората светска војна, а со единствена цел да не се заборави нивната посветеност за одбрана на нивниот град и нивната слобода. Најпрвин на 31 август беше претставена реконструкцијата на бомбадирањето и ужасите кои ги преживеале граѓаните на Млава. Настанот се одржа на плоштадот пред општината, а на кој присуствуваа Градоначалникот на општина Млава, претставници од кабинетот на Претседателот на Полска, пратеници, армијата на Р. Полска и претставници на началникот на Генералштабот на полската армија, единствениот преживеан учесник во битката на Млава кој наскоро ќе полни 100 години, делегации од збратимени градови од Македонија, Романија, Италија, Латвија, Литванија, Кипар, Грција, како и останати официјални личности и претставници. Настанот претставува реконструкција на вообичаениот живот на жителите на улиците на Млава, а актери во овој историски спектакл се жители на овој град, за некои од нив улогите кои ги имаат во реконструкцијата се и нивни вистински професии и претставува драма за почетокот на војната и бомбардирање на Млава.

Следниот ден беше реконструкција на битката на бојното поле, помеѓу Полска и Германија. Германците одлучиле да го остварат својот напад токму на ова место бидејќи претставувало најкраток пат за да се освои Варшава, согласно на тогашната граница. Во настанот се вклучени авионски бомбандирања, тенкови, топови и друг вид артилерија кои допринесуваат да се добие реалната слика што се случувало на тоа место при на нападот на Полска на почетокот на втората светска војна. Исто така беше положено свежо цвеќе пред Мавзолејот на војниците и беа запалени свеќи за комеморација на жртвите на битката на Млава.

Покрај овие два насатани посетата беше искористена за состаноци со делегациите од други градови кои пруисуствуваа во Млава, во поглед на други предлози, идеи за идни проекти со што би се продлабочила соработката не само со Млава туку и со нејзините партнерски општини.

На 3-ти  септември, по повод почетокот на учебната година, делегацијата присуствуваше на церемонијата, кога и се пушти во употреба новата училишна спортска сала, детско игралиште во дворот на општината и атлетската патека.

Во рамки на посетата беше посетен и главниот град Варшава, замокот во еден соседен град на Млава, Градскиот Музеј со историска, уметничка и други постановка, градскиот парк, индустриската зона во градот Млава, бројните споменици во чест на жртвите од втората светска војна како и современиот спортски комплекс.

Последниот ден од посетата делгацијата одржа состанок со Градоначалникот на Општина Млава во неговиот кабинет, каде од страна на Градоначалникот Арсенчо Алексовски беа врачени пригодни поклони. На овој состанок беше изразена взаемната подготвеност за задничко аплицирање и реализација на ЕУ проекти. Градоначалникот Ковалевски се заблагодари за приемот на Фолклорната група од Млава која учествуваше на Фестивалот „Св. Јоаким Осоговски“, кои му ги пренеле импресиите и задоволството од учеството на фестивалот и пројави интерес за посета на нашата општина.

 

 

Големина на фонт
Контраст