Средно образование

СОУ,,ЃОРЧЕ ПЕТРОВ“ 

Во 1960/61 год. институционално се поставени темелите на највисокиот институционален образовен облик во општината.Тогаш се запишани вкупно 97 ученика. Училиштето за средно образование, како гимназија работи се до 1982 год. кога со трансвормацијата продолжува да работи по новиот концепт на средно насочено образование, до 1989 год. Од учебната 1991/92 год. повторно се воведува гимназиското образование (општа и природно математичка гимназија) и стучно образование (машинска и текстилна струка). Според овој концепт гимназијата  (од 13.09.1993 година го носи името ,,Ѓорче Петров“ )  работи до ден денес следејќи ги новите реформски зафати за да може успешно да одговори на современите предизвици што ги носи времето.

Во учебната 2011/2012 СОУ „Ѓорче Петров“ има 892 ученика распоредени во 35 паралелки и 75 наставници. Во гимназиско образование има 606 ученика во 24 паралелки, а во стручното  образование има 286 ученика во 11 паралелки.

Стручното образование опфаќа

Машинска струка

-машински техничар –118 ученика во  4 паралелки

-автомеханичар – 19 ученика во 1 паралелка

-машинист за компресорски и ладилни постројки – 17 ученика  во 1 паралелка

Сообраќајна струка

-техничар за транспорт и шпедиција –34 ученика во 1 паралелка

Угостителска струка

готвач – 37 ученика во 2 паралелки

Електротехничка струка

електротехничар за компјутерска техника  и автоматика – 61 ученик во 2 паралелки

Адреса: ул. 8 Октомври бр.91, 1330 Крива Паланка
Телефон: 031/ 375 025
Факс: 031/ 377 120
e-mail: [email protected]

Веб старна: www.gjorchepetrov.edu.mk

Големина на фонт
Контраст