Училишното звонче зазвони

Првиот училишен ден од учебната 2012/2013 година Крива Паланка по традиција ja исполни џагор и раздвиженост. Разделбата со родителите и првата средба со  училишните клупи ги исполнија училиштата со радост и емоции. Во оваа учебна година во основните училишта „Илинден“ и „Јоаким Крчовски“ во Крива Паланка се запишани вкупно 184 првачиња. Градоначалникот на Општина Крива Паланка господин Арсенчо Алексовски на сите првачиња им посака  добредојде и одлични успеси во понатамошните години на школување и ги развесели со подароци кои ке им послужат во текот на учебната година.Учениците од поголемите одделенија ги пречекаа првачињата и го поздравија Градоначалникот со весели песни и игри.

emiHidden=”false” UnhideWhenUsed=”false” QFormat=”true” Name=”Strong” />

Големина на фонт
Контраст