Потпишани меморандуми за соработка со општините Белогорски и Стар Крим

Како резултат на посетата на делегацијата од Североисточниот плански регион, која беше на студиското патување во Украина во периодот од 24 до 29 април оваа година,  потпишани се меморандуми за соработка со општините Белогорски и Стар Крим. Делегацијата беше составена од  градоначалниците на општините Куманово, Кратово, Крива Паланка, Ранковце и  Липково, а целта на посетата беше да се препознаат можностите за заедничка економска соработка во областа на одржливо искористување на обновливи извори на енергија и заеднички настап при аплицирање за средства од расположиви фондови.

Во прилог се меморандумите, со надеж и со намера за воспоставување на понатамошна долгорочна и успешна билатерална соработка и понатамошно зајакнување на меѓусебното разбирање и блиско пријателство со општините во Украина.

Меморандум за билатерална соработка  помеѓу општина Белогорски и Центарот за развој на североисточниот плански регион

Меморандум за билатерална соработка  помеѓу општина Стар Крим и Центарот за развој на североисточниот плански регион

 

Големина на фонт
Контраст