Потпишан договор за јавно-приватно партнерство за изградба на мали хидроцентрали

Јавното претпријатие Комуналец од Крива Паланка и ДПТ Хидро Осогово ДОО од Скопје на 24 август потпишаа договор за јавно – приватно партнерство за изградба на мали хидроцентрали на доводните цевководи за водоснабдување од Калин Камен и Станечка Река. Проценетата вредност на ЈПП проектот изнесува 75.000.000 денари, a финансирањето на изградбата на хидроцентралите е обврска на Приватниот партнер кој ќе има право комплетно да управува и стопанисува со хидроцентралите, со обврска да не го наруши системот за водоснабдување и снабдувањето со чиста и здрава вода за пиење.

Договорот е со времетраење од 30 години, со можност за продолжување, за кој период Приватниот партнер ќе плаќа надоместок на Општина Крива Паланка во зависност од остварениот приход.

Договор за јавно – приватно партнерство за изградба на мали хидроцентрали на доводните цевководи за водоснабдување од Калин Камен и Станечка Река

 

Големина на фонт
Контраст