Започна меѓународниот фолклорен фестивал „Свети Јоаким Осоговски“

По повод христијанските празници Успение на Пресвета Богородица и Свети Јоаким Осоговски, патронот и заштитник на Крива Паланка, во сабота на 25 август започна Меѓународниот фолклорен фестивал „Св. Јоаким Осоговски“, кој годинава се одржува по осми пат. Фестивалот започна со дефиле на учесниците, кои со своите колоритни носии и интересни кореографии  го привлекоа вниманието на посетителите кои имаа можност одблиску да уживаат во изворниот фолклор карактеристичен за нивните поднебја.  На ова фестивалско издание, кое трае три дена,  учествуваат  фолклорни ансамбли  од  Романија, Полска, Северен Кипар, Србија, Бугарија и Македонија.

Градоначалникот на Општина Крива Паланка, г-дин. Арсенчо Алексовски, заедно со претставници од општинската администрација и директорот на НЦУК од Крива Планка г-дин Александар Рангелов во текот на вчерашниот ден, приреди пригоден прием за официјалните претставници  на фолкорните групи, учесници на годинешниов фестивал. На приемот се разменија меѓусебни подароци, а учесниците на фестивалот ја искажаа својата голема благодарност за неизмерното гостопримство и топлиот прием како на организаторите, така и за граѓаните од општината.

Организатор и покровител на фестивалот е Општина Крива Паланка со поддршка на Министерството за култура и Центарот за култура од Крива Паланка.

Повеќе фотографии во делот на фотогалерија

 

Големина на фонт
Контраст