Велосипедски патеки за граѓаните и посетителите на Ќустендил и Крива Паланка

Општина Крива Паланка започна со имплементација на проектот „Велосипедски патеки за граѓаните и посетителите на Ќустендил и Крива Паланка“, финансиран во рамките на вториот повика од ИПА програмата за прекугранична соработка. Проектот се имплементира заедно со Општина Ќустендил, Р.Бугарија,  како водечки партнер и е во траење од 15 (петнаесет) месеци.

Буџет на проектот изнесува 495 357.68 евра од кои 248 619,06 евра за Општина Крива Паланка.

Проектот предвидува изградба на велосипедска патека во должина од 1200 метри, која треба да се протега во речното корито, од делот спроти спортскиот комплекс до гратскиот парк.

Освен инвестицискиот дел проектот предвидува и т.н. меки мерки со кои е опфатено  изработка на студија за заштита на природните ресурси во прекуграничниот регион, изработка на база на податоци за состојбата со природните ресурси и предлог мерки за унапредување на животната средина, одржување на работилница „Предизвиците и перспективите на заштитата и унапредувањето на условите на животната средина во регионот“  како и соодветна информативна кампања.

 

Големина на фонт
Контраст