Моторџии во посета на Крива Паланка

Група од околу 80-тина моторџии го посетија манастирот Свети Јоаким Осоговски во рамки на Мото Туристичката Манифестација која се одржува од 31.07 – 4.08.2012. Оваа манифестација, како што вели организаторот Бени, предвидува дружба, возење и запознавање со убавините во Македонија. Главниот камп на моторџиите од Македонија, Србија, Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Црна Гора и други земји е во Катланово, од каде моторџиите, согласно на предвидената програма во периодот за кој трае манифестацијата, се упатуваат на различни делови од Македонија.

Предвидено е посета на градовите Свети Николе, Штип, Пробиштип, Кратово, Крива Паланка, Прилеп, Кичево, Македонски Брод, Маврово и други места.

Целта на манифестацијата е да се практикува безбедно возење од страна на моторџиите, чии професии се најразлични меѓу кои има и доктори, економсисти, правници –  љубители на моторите со желба за запознавање на убавините во местата каде поминуваат.

Градначалникот на општина Крива Паланка ги поздрави моторџите и им посака добредојде со приредено мало освежување со сок и кафе.

Моторџиите истакнаа дека Манастирот Свети Јоаким Осоговски е едно од поубавите места кои ги имаат посетено во своите патувања кое секако ќе го препорачат како место кое мора да се посети.

 

Големина на фонт
Контраст