Пригодна прослава на Илинден

Во чест на најголемиот национален празник „Илинден“ претставници на општинската администрација предводена од градоначалникот Арсенчо Алексовски, претставници на политичката партија ВМРО ДПМНЕ и од страна на Здружението на борци беше положено свежо цвеќе на споменикот пред Општината.

По повод овој најголем и најсветол национален празник Градоначалникот истакна дека ги славиме двата Илиндена односно 109 години од Илинденското востание против Отоманската империја и прогласувањето на Крушевската Република и 68 години од одржувањето на Првото заседание на АСНОМ, со кои Македонците ги поставија темелите на македонската државност, денот кога треба да се оддаде почит на хероите од 1903 и 1944 како и на сите други македонски борци, кои ги дадоа своите животи да денес живееме слободно и независно со обврска сите Македонци да ја чуваат слободата и независноста на нашата држава.

Во склоп на прославата Градоначалникот присуствуваше и на прославата во меморијалниот центар  „Пелинце“, како и на дел од народните собори кои се одржуваат во селата на територијата на општината Крива Паланка.

Големина на фонт
Контраст