Започна „Паланечко културно лето 2012“

Музичкиот театар „Ноќ на македонската приказна и песна“ со актерот Сашо Ристовски и пеачката Анета Наковска, синоќа во паркот во Крива Паланка го означи почетокот на манифестацијата „Кривопаланечко културно лето 2012“. Во следните денови на отворените сцени во градскиот парк и на плоштадот, како и во киносалата при НУ – Центар за култура ќе се прикажат повеќе театарски претстави, изложби на слики и фотографии, филмски проекции, фолклорни концерти, рок и фолклорни фестивали, концерти на староградски песни и поетски вечери.

Кривопаланечкото културно лето  ќе заврши со тридневниот традиционален Меѓународен фолклорен фестивал „Свети Јоаким Осоговски“ кој ќе се одржи од 25 до 27 август.

Организатор на културната манифестација е Националната установа – Центар за култура од Крива Паланка и Општина Крива Паланка со поддршка на Министерството за култура.

 Програма на ТОПОЛ КУЛТУРЕН БРАН 2012

Големина на фонт
Контраст