Се одржа пограничната средба „Краиште 2012“

Во местото Голеш, на тромеѓето помеѓу Р. Македонија, Р. Бугарија и Р. Србија, на 12.07.2012, на  големиот христијански празник „Петровден“, посветен на светите апостоли Петар и Павле,  се одржа деветата по ред традиционална меѓугранична средба  „КРАИШТЕ 2012“. Манифестацијата е во организација на Општина Крива Паланка, Општина Босилиград и Општина Ќустендил.  

На средбата на присутните им се обратија градоначалникот на Крива Паланка, г. Арсенчо Алексовски, секретарот на општина Ќустендил и градоначалникот на општина Босилиград, г. Владимир Захариев, кои во  своето обраќање ја  истакнаа  важноста на соработката за целокупниот развој на регионот.

Како дел од средбата „КРАИШТЕ 2012“, присутните имаа  можност да ја проследат богатата  програма на културно уметничките друштва и фолклорни ансамбли од трите општини, кои ја презентираа богатата традиција и култура низ сплетот на народните песни и ора.

 

 

 

 

Големина на фонт
Контраст