Состанок за заштита од пожари

На 5.7.2012 година во Големата сала на Општина Крива Паланка беше одржан состанок на тема Превенција за заштита од пожари на територијата на општината, а по иницијатива на Секторот за превенција при СВР Куманово.На состанокот присуствуваа Градоначалникот на Општина Крива Паланка, претставници од Центарот за управување со кризи, Дирекцијата за заштита и спасување, ЈП Македонски Шуми, Територијалната противпожарна единица Крива Паланка, Мисијата на ОБСЕ во Р. Македонија како и претставници од Месните заедници.

Градоначалникот истакна дека поради летниот период и високите температури е зголемена опасноста од појава на пожари и тоа не само на отворен простор туку и на објекти, домови, па затоа упати апел до сите граѓани за внимателно постапување  и преземање на сите превентивни мерки за намалување на ризиците од настапување на пожари, како и дека сите граѓани и институции треба да го дадат својот придонес во заштитата од пожари

 

Од страна на претставникот на Секторот за превенција при СВР Куманово, Виолета Богдановска, беше укажано дека мора да се запазуваат и практикуваат сите превентивни мерки. Покрај ова потребно е да се изврши и едукација и советување на граѓаните за заштита од пожари, а по пронаоѓање на сторителот на пожарот следуваат строги казни предвидени во повеќе закони.

Од состанокот беа донесени заклучоци во координирани активности на Општината, МВР, ЦУК, ДЗС, ЈП Македонски Шуми и Месните заедници да се преземаат превентивни мерки за заштита од пожари, да се поделат флаерите за едукација на населението и континуирано да се следат состојбите на теренот за заштита од пожари.

 

Големина на фонт
Контраст