Архитектите во посета на с.Градец

Учесниците на Меѓународната Летната школа за архитектура, која се одржува во манастирот Св.Јоаким Осоговски од 30 јуни до 8 јули,   со претставници од Општина Крива Паланка  го посетија новоуредениот локалитет покрај испосницата на Свети Јоаким Осоговски во село Градец. Гостите имаа можност да се запознаат со убавините на овој специфичен крај кој покрај со своите географски карактеристики се издвојува и со богатата историја која датира уште од римскиот период.

Гостите, архитекти од повеќе земји ја изразија својата воодушевеност како од просторот така и од архитектонското решение за неговото уредување давајќи свои предлози за можностите за развој на туризмот гледани од призмата на издржани градби кои нема да ја нарушат автентичноста на самата локација.  

Инаку просторот околу испосницата заедно со новоуредениот пат  до с.Градец е дел од проектот „Под едно небо“ кој Општина Крива Паланка го имплементира во рамките на ИПА Програмата за прекугранична соработка во партнерство со Општина Дупница од Р.Бугарија.

Големина на фонт
Контраст