Осоговието дел од Балканскиот зелен појас

На 27, 28 и 29 јуни во хотел ,,Макпетрол“- Маврово се одржа Меѓународна работна средба со претставници од 21 земја од групацијата Европски зелен појас  чија членка е и Македонија. Секоја од  државите пренесе дел од своето традиционално богатство.Македонското еколошко друштво преку проектот ,,Осоговските Планини во Балканскиот зелен појас “ раководен од Деспина Китановска со својата презентација за Осоговието (вклучувајќи ги општините: Пробиштип, Злетово, Ранковце, Крива Паланка, Македонска Каменица и Кочани) предизвика голема заинтересираност меѓу присутните.

Во делот на традициите од Осоговието со посебно внимание беа проследени излагањата на Даница Крстевска наставник во ООУ ,,Илинден“ и Татјана Анѓеловска студент на Факлутетот за туризам (лидери на Интернационалното здружение „Slow FoodОсогово за општина Крива Паланка). Беа претставени традиционални јадења, пијалоци, рачни ракотворби, музички инструменти, народни ора, песни и обичаи – сè што е во склоп со традициите на кривопаланчани. 

 

 

 

Големина на фонт
Контраст