Нов сообраќаен режим во централното градско подрачје

Согласно со Елаборатот за измена и дополнување на елаборатот за режим на сообраќај во поширокото централно подрачје на град Крива Паланка, општина Крива Паланка врши обележување на улицата  Св. Јоаким Осоговски и Св. Јоаким Осоговски – нов крак на потегот од фурна Веско до Соларски мост. Обележувањето ќе се врши во период од 03. 07 2012 до 15. 07 2012 г.

Новиот режим на сообраќај се уредува со еднонасочни улици и тоа улицата Св. Јоаким Осоговски – нов крак е еднонасочна во правец од фурна Веско до Соларски мост односно улицата Св. Јоаким Осоговски е еднонасочна во спротивен правец од Соларски мост до фурна Веско.

За реализација на овај проект за вертикална сигнализација ќе се применат 59 сообраќајни знаци со големина од тип 2, a за хоризонтална сигнализација ќе се обележат приближно 650 м 2 хоризонтални ознаки на коловозот.

Со новиот сообраќаен режим Општината воведува ред со сообраќајот во строгиот центар на градот како и организирано и безбедно паркирање на возилата.

 

 

Големина на фонт
Контраст