Меѓународна Летна школа за архитектура 2012

Во манастирот „Св. Јоаким Осоговски”  крај Крива Паланка, во периодот од 30 јуни до 8 јули ќе се одржи дваесетипрвата сесија на меѓународната Летна школа за архитектура што ја организира Архитектонскиот факултет на Универзитетот Св.„Кирил и Методиј“ во Скопје.И оваа година во работата на школата ќе учествуваат студенти и наставници од земјата и странство.Овогодишната сесија ќе биде под менторство на гостинот од Грција, познатиот архитект и едукатор со светска репутација, Елиа Зенгелис, а темата на Летната школа е „Пејзажот и границите на архитектурата”.

ГЛАВНИ НАСТАНИ

-Отворањето на овогодинешната сесија е на 30.06.2012 година, сабота, во 20 часот

-На 05.07.2012 година, четврток, во 21 часот во комплексот на манастирот Св.Јоаким Осоговски ќе се одржи концерт на Летечки пекинезери, JAZZ  квинтет од Скопје

-На 07.07.2012 година, сабота, во 20 часот во конакот на манастирот ќе се одржи изложба од Работилницата на Летната Школа.

За дополнителни информации можете да се обратите на (02) 31 16 367 или на 071 584 865, Јован Ивановски, секретар на овогодинешната Летна школа.

 

Од Деканатот на Архитектонскиот факултет

Големина на фонт
Контраст