Европа за граѓаните во малите општини

Во рамките на проектот „Европа за граѓаните во малите општини” на 28 јуни, со почеток во 10 часот во Големата сала на Советот на општина Крива Паланка ќе се одржи Информативна средба со граѓаните на Крива Паланка.На средбата ќе се зборува за историјата на ЕУ, институциите, договорите, националните и општи позиции на земјите членки  на ЕУ  итн.   

Проектот е финасиран од програмата „Европа за граѓаните”, а во него се вклучени седум невладини организации од Македонија, Бугарија и Словенија, меѓу кои е и Регионалниот центар за соработка „СПЕКТАР” од Крива. Паланка.

На информативната средба се поканети сите заинтересирани  граѓани на Крива Паланка, гости од НВО од споменатите земји и претставници од локалните институции.
Големина на фонт
Контраст