Градежни активности за изградба на нова спортска сала

Општина Крива Паланка и Агенцијата за млади и спорт  ги продолжуваат градежните активности околу изградбата на новата спортска сала. Во тек е монтажа на металната носива конструкција кој се очекува да се заврши во текот на наредните денови. Градежните активности ќе продолжат согласно предвидената динамика и  временските услови.

Спортската сала е предвидена со површина од  1350 метри квадратни и капацитет за 500 гледачи.