Активности на учениците од ОУД „Боро Менков“

Во учебна 2011/2012 година, под водство на воспитувачите ментори, учениците од Општинскиот ученички дом „Боро Менков“ креативно го користеа слободното време работејќи на ученичкиот проект на тема претприемништво „Мојата иднина“.  На 6-ти мај ученичкиот дом го слави Денот на патронот Боро Менков и по тој повод на 7-ми и 8-ми мај учениците и вработените работно го одбележаа овој празник со ликовни работилници на темата од проектот, како и за изработка на рекламен флаер (види тука) и видео клип (види тука) за претставување на домот. 

 

Во текот на месец мај учениците и воспитувачите од ученичкиот дом интензивно се подготвуваа за учество на традиционалната средба на учениците, студентите и учениците со посебни образовни потреби „Домијада 2012“  која се одржа во Струга во терминот 25, 26 и 27 мај. На оваа манифестација, која беше организирана под мотото „Претприемнички вештини меѓу младите“ беа организирани различни активности и тоа спортски натпревари, ликовна колонија, дебата на темата за претприемништво, настапи на музички точки од повеќе ученички домови.

Учениците од Крива Паланка настапија со музичка точка на отварање на домијадата, а исто така учествуваа и со презентација на ученичкиот проект „Мојата иднина“(види презентација).

 

За претставување на домот во локалната средина и пошироко претставници од ученичкиот дом, во соработка со СОУ „Ѓорче Петров“, од 28-ми до 31-ви мај  посетија 2 основни училишта во Куманово, училиштата од Младо и Старо Нагоричане, како и подрачните основни училишта во селата Подржикоњ, Добровница и Жидилово. На презентациите учениците што го завршуваат основното образование имаа можност да се запознаат со конкурсот за запишување и со условите за живот и работа во средното училиште и ученичкиот дом. 

 

Големина на фонт
Контраст