Успех на учениците од ООУ Јоаким Крчовски на XVI Jуниорска Mакедонска Mатематичка Oлимпијада 2012

На 26.05.2012г. на Природноматематичкиот факултет-Скопје се одржа XVI Jуниорска Mакедонска Mатематичка Oлимпијада 2012 за ученици до 15,5 години. На оваа олимпијада имаа право да учествуваат најдобрите 30 ученици кои на Републичкиот натпревар по математика за основно образование одржан на 05.05.2012г. на Машинскиот факултет-Скопје постигнаа значителни резултати (I, II и III) награда. За учество на олимпијадата од нашето училиште ООУ „Јоаким Крчовски“ се пласираа две ученички:

Мартина Величковска ученичка од VIII одделение под менторство на проф. Гордана Ивановска која по освоена I награда на Регионалниот натпревар и III награда на Републичкиот натпревар на Олимпијадата се закити  со бронзен медал.

Весна Дејановска ученичка од VIII одделение под менторство на проф.Тони Велковски која  освои I награда на Регионалниот натпревар и II награда на Републичкиот натпревар

Проширените видици и продлабочени знаења за кое сведочат нивните резултати од воспитно-образовниот процес  се доказ за нивниот голем талент.

 

Големина на фонт
Контраст