Кривопаланчани добија нов простор за одмор и рекреација

Во рамки на проектот „КУЛТУРНО НАСЛЕДСТВО – МОСТ КОН ЗАЕДНИЧКА ИДНИНА“, во последната недела е завршено партерното уредување на просторот околу објектот  Дом на АРМ, како место за одмор и рекреација со фонтана, клупи и детско игралиште и истиот е ставено во функција на граѓаните. Овој проект е финанасиран од Европската Унија преку ИПА програмата за прекугранична соработка помеѓу Р.Бугарија и Р.Македонија. Проектот се реализира во соработка со Општина Дупница, Р.Бугарија, како водечки партнер со која Општина Крива Паланка има долгодишна и успешна соработка.

Една од специфичните целите на проектот е да се адаптира и реконструира западното крило од Домот на АРМ за да се оформи првата археолошка поставка со која ќе се реализира дамнешната желба на кривопаланчани за презентирање и запознавање на пошироката јавност со подалечната историја на градот Крива Паланка и околината.

Инаку, проектот опфаќа:

– Формирање на Центар за културно и историско наследство во Крива Паланка и негово целосно опремување со соодветна специјализирана опрема за нормално и одржливо функционирање на истиот

– Оформување на соодветен изложбен простор за поставување на првата археолошка поставка

– Изработка и издавање на книга за старите занети во регионот на Општините Дупница и Крива Паланка

– Изработка и издавање на брошура за популаризација на новоформираниот Центар за културно и историско наследство

– Организирање на заеднички културни работилници за учесници од двете општини и заедничка изложба со цел презентирање на културните вредности

– Партерно уредување на дворот од објектот во простор за рекреација со фонтана и детско игралиште

– Создавање услови за развој на културниот туризам

Дел од горе споменатите активности се реализирани, а дел од акивностите се во тек.

Големина на фонт
Контраст