Состанок на стопанствениците со инспекциските служби

Во понеделник на 28 мај 2012г. во големата сала при Општина Крива Паланка, на иницијатива на градоначалникот Арсенчо Алексовски, се одржа состанок помеѓу стопанствениците кои функционираат на територијата на општина Крива Паланка и надлежните инспекциски служби,  пазарна инспекција,трудова инспекција, санитарна инспекција, инспектор при УЈП, претставник од Агенција за храна и ветеринарство како и претставник од МВР од Крива Паланка .

На состанокт меѓу другото  присутните беа запознати со надлежностите на инспекциските служби, правата и обврските на стопанствениците, казнените одредби како и со последните законски измени.

Од страна на инспекциските служби како и од страна на стопанствениците беше поздравена иницијативата на Градоначалникот и беше нагласено дека таквите иницијативи се особено корисни во функција на превентивно дејствување и навремено исполнување на законските норми.

Големина на фонт
Контраст