Пензионерски игри по 24-ти пат

По 24-ти пат оваа година се одржаа пензионерските игри во хотел „Турист“ во Крива Паланка. Игрите за отворени ги прогласи градоначалникот г.Арсенчо Алексовски, а присутни беа и претседателот на Совет д-р Милка Митовска, директорот на Здравствен дом Раде Маџовски и директорот на „Македонски шуми“Влатко Митовски.

Покрај пензионерите од Крива Паланка на игрите учествуваа и пензионери од Кратово, Куманово, Свети Николе и други блиски општини. Учесниците се натпреваруваа во шах, домино, пикадо, карти и табла.

 

Големина на фонт
Контраст