Рели „Калин Камен“ по 4-ти пат

Под мотото „Откријте ги убавините на Осоговските Планини“, голем број учесници од мото и авто-клубови од земјава и странство, беа дел од ревијалното рели „Калин Камен 2012“, кое се организира во чест на сесловенските просветители „Свети Кирил и Методиј“.Организатори на манифестацијата, која годинава се одржува по 4ти пат, се Општина Крива Паланка и Авто мото клубот „Офф Роад Осогово“.

 

Општина Крива Паланка во последните неколку години прави огромни напори за развој на различни видови на туризам, вклучувајчи го и спортскиот. Целта со кој ја воспоставивме оваа спортска манифестација беше истата да прерасне во традиционална од меѓународен карактер, препознатлив спортско-туристички продукт кој ќе генерира позитивни ефекти врз економскиот развој“, истакнува градоначалникот Алексовски.

Колоната од џипови и мотори тргна од плоштадот во Крива Паланка и мина низ атрактивните предели на Осоговските Планини, надвор од стандардните патеки. Учесниците на релито, вљубеници во авантура и овој спорт, имаа можност да уживаат во недопрените убавини на Осоговието, да ја почуствуваат и да понесат со себе дел од магијата на планината.

Должината на патеката е 64 километри, од кои 80 отсто е неасфалтиран пат, а највисоката точка до која се вози е Царев Врв (2.085 метри), втор по височина врв на Осоговието.

На овој локалитет се приклучија и  рели учесниците од соседните општини, а на крајот сите учесници се собраа на традиционален заеднички ручек во манастирот „Свети Јоаким Oсоговски“, каде ги споделија своите впечатоци и доживувања со желба за повторно дружење и наредната година. 

Повеќе фотографии можете да погледате во делот фотогалерија

 

 

Големина на фонт
Контраст