Победа на оркестарот од ООУ „Илинден“

На 19 мај во Велес се одржа Републичкиот натпревар на детски и младински оркестри на Република Македонија. На овој натпревар имаa право да настапат само најдобрите оркестри од нашата држава, кои претходно на регионалните натпревари добиле високи оценки од стучното жири и се здобиле со право да учествуваат на државниот натпревар. Основните училишта беа претставени со вкупно 25 оркестри од Скопје, Прилеп, Кавадарци, Охрид, Свети Николе, Битола, Kрива Паланка, Маврово, Берово, Гевгелија, Пехчево…, а средните училишта со 3 оркестри, и тоа од Берово, Охрид и Кавадарци.

Оркестарот на ООУ „Илинден“ – Крива Паланка,  под раководство на диригент Лариса Жулина-Митовски, успешно се претстави со две композиции, задолжителната „Неаполитанска песна“ од П.И.Чајковски и „Рондо капричио“ оп.129 од Лудвиг Ван Бетовен, по слободен избор. Учениците беа мотивирани од нивниот минатогодишен успех и свиреа со задоволство, виртуозно и музикално.

Седумчленото стручно жири, свечено прогласувајќи ги резултатите, на нашиот оркестар му додели диплома за високото I-во место и му посака блескави настапи и во иднина.

 

 

 

Големина на фонт
Контраст