ЧЕСТИТА МАТУРА !!!

17 мај 2012 (четврток), Градоначалникот на Општина Крива Паланка Арсенчо Алексовски им ја честиташе матурата на матурантите од Средното општинско училиште „Ѓорче Петров“ од Крива Паланка и им посака успех како при полагањето на државната матура така и при уписите на факултетите. Во свото обраќање кон младите тој  ги мотивираше да го продолжат своето образование , порачувајќи им дека само со образование може да се постигне подобар просперитет како личен така и на целокупното општество.

Градоначалникот Алексовски ги почести матурантите со парче торта и им посака пријатна матурска вечер.

Големина на фонт
Контраст