Признание за големиот успех на училишниот спорт во Крива Паланка

Кошаркарскиот тим на Средното Општинско Училиште „Ѓорче Петров“ од Крива Паланка, неодамна го забележа најголеми и историски успех на училишниот спорт во Крива Паланка.

Имено, кошаркарскиот тим од СОУ Ѓорче Петров од Крива Паланка , под водство на тренерот Ведран Белешков неодамна на турнирот во училишен спорт на државно ниво го забележа најголемиот успех на училишниот спорт во Крива Паланка, освојувајќи трето место во машка конкуренција, и четврто во женска конкуренција, со што уште еднаш беа потврдени заложбите за поддршката на училишниот спорт.

Градоначалникот Арсенчо Алексовски, им ја честиташе победата на кошаркарите, уште еднаш ја изрази поддршката за училишниот спорт, а приликата ја искористи да ги почести со торта, како признание зa големиот успех.

 

Големина на фонт
Контраст