Состанок на градоначалникот со директорите на училиштата и наставниците по физичко образование

На ден 14 мај 2012 ( понеделник ) во големата сала при Општина Крива Паланка, градоначалникот на општина Крива Паланка Арсенчо Алексовски одржа состанок со претставници од општината, директорите на општинските основни училишта „Илинден “ Оливер Дејановски  и „Јоаким Крчовски “ Драги Ристовски и средното општинско училиште  „Ѓорче Петров“ Миле Милковски, како и наставниците по физичко и здравствено образование од Општина Крива Паланка.

На состанокот помеѓу останатото беше разговарано како за тековните проблеми така и за можностите за унапредување на училишниот спорт како особено значајна алка во физичкото и здравствено образование, но и отскочна даска  за развојот на спортот во општината, за што голема потврда даваат и неодамнешните големи успеси на екипите во состав на програмите за училишен спорт.

Големина на фонт
Контраст