Jуниорите од Kрива Паланка државни прваци во три категории

На 20-то Државно првенство во пинг-понг за јуниори, кое се одржа викендов (12 мај) во Штип, пингпонгарите од Крива Паланка станаа државни прваци во три категории.Тие освоија 3 златни и 1 бронзен медал.Како што се очекуваше актуелниот трикратен сениорски првак Кристијан Станојковски го освои првото место и титулата Државен јуниорски првак за сезоната 2011-2012 год.

Во конкуренција на двојки-машки Кристијан Станојковски и пионерот Филип Костадиновски исто така го освоија првото место, а во женска конкуренција Христина Христовска од ППК Крива Паланка и Ивона Крстева од ППК Градба промет исто така беа први. Третото место во двојки го освоија нашите пионерки Анета Станковска и Дамјана Цветковска.  

Големина на фонт
Контраст