Асфалтиран патот кон с.Градец

На 12 и 13-ти мај беше асфалтиран делот од патот во с. Градец кон испосницата на Св.Јоаким Осоговски според проектот од ИПА Програмата за прекугранична соработка  ,,ПОД ЕДНО НЕБО“,  во должина од 1 км.Изведувач на работите е ,,Мато инженеринг“ -Куманово, а надзор е ,,ГЕИНГ“-Скопје.  Покрај  делот што е асфалтиран, пробиени и делумно тампонирани  се уште 980 м. од патот кој води према самата испосница.Покрај тоа  партерно  е уреден просторот околу испосницата и во завршна фаза е изградбата на другите содржини предвидени со проектот.

Големина на фонт
Контраст