Североисточниот регион соработува со Кримската област во Украина

Во рамки на соработката на Североисточниот плански регион со Украина беше реализирана студиска посета на градоначалниците од целиот регион на Кримската област и градот Киев. При посетата на универзитетот во Синферопол градоначалниците присуствуваа на промоцијата на проекти од областа на обновливи извори на енергија, а особено за соларната енергија и плантажите од сончеви панели за производство на електрична енергија. Во рамки на овој универзитет е оформен посебен смер на кој се студира токму за обновливите извори на енергија, кои од страна на ректорот беа презентирани на присутните.

Градоначалниците исто така посетија уште неколку реализирани проекти од обновливи избвори на енергија, го посетија градот Стари Крим и други интересни места.

Воспоставената соработка ќе продолжи и понатаму и во најскоро време се очекува возвратна посета од стручни лица од овој регион со цел разгледување на можностите за изготвување и реализација на проекти за производство на соларна електрична енергија со панели кои би биле поставени на кровните конструкции на училиштата и на градинките.

При посетата беше дадена иницијатива да се започне со меѓуопштинска соработка на овие два региони и активностите за реализација на оваа цел се во тек.

Од страна на учесниците посетата беше оценета како успешна и доста корисна и од истата треба да произлезе реализација на различни проекти.

 

 

Големина на фонт
Контраст