Се опремува Центарот за културно и историско наследство

Градоначалникот на општина Крива Паланка Арсенчо Алексовски денес со претставници на фирмата Интер-Пал СЗД од Крива Паланка и СВВИТ – МС ДОО од Скопје го потпиша договорот за „Набавка на канцелариски мебел, изложбени витрини и ИТ опрема за реновираниот и адаптиран Центар за Културно и Историско Наследство“, за имплементација на проектот „КУЛТУРНО НАСЛЕДСТВО – МОСТ КОН ЗАЕДНИЧКА ИДНИНА“, во вредност од 33.495 евра.

Заради специфичноста на објавениот тендер истиот се подели на два дела (набавка 1 и набавка 2) за кои се потишаа два одделни договора. Со набавка 1 се врши набавка на канцелариски мебел и изложбени витрини, а додека набавка 2 предвидува набавка за ИТ (информатичко-технолошка) опрема.

Проектот е  финанасиран од Европската Унија преку ИПА програмата за прекугранична соработка помеѓу Р.Бугарија и Р.Македонија, во Крива Паланка.

Врз основа на склучениот Договор ќе се набават изложбени витрини и канцелариски мебел за потребите на новофомираниот Центар за Културно и Историско Наследство и музејскиот изложбен простор наменет за постојаната археолошка поставка како и целосно опремување на целокупната Музејска зграда со најсовремена информатичко-технолошка опрема: компјутери, видео надзор, алармен систем, противпожарен систем, систем за загревање и ладење на изложбениот простор. Со реализирање на потпишаниот договор ќе се исполнат сите потребни технички стандарди за нормално функционирање на Градскиот Музеј како институција која се грижи за културното наследство на Крива Паланка и кривопаланечко.

Инаку целокупната сума на проектот „КУЛТУРНО НАСЛЕДСТВО – МОСТ КОН ЗАЕДНИЧКА ИДНИНА“ изнесува 286 776, 23 евра. Проектот се реализира во соработка со Општина Дупница, Р.Бугарија, како водечки партнер со која Општина Крива Паланка има долгодишна и успешна соработка. Од предвидениот буџет на проектот за Општината Крива Паланка се предвидени 44% или 124. 794,74 евра.

Една од специфичните целите на проектот е да се адаптира и реконструира западното крило од Домот на АРМ за да се оформи првата археолошка поставка со која ќе се реализира дамнешната желба на кривопаланчани за презентирање и запознавање на пошироката јавност со подалечната историја на градот Крива Паланка и околината.

Покрај тоа, со проектот е предвидено партерно да се уреди надворешниот простор од објектот како место за одмор и рекреација со фонтана и детско игралиште.  Од особен интерес на Општината е да се реализираат и имплементираат што поголем број на проекти финансирани од Европската Унија за решавање на конкретни проблеми кои се есенцијални за развојот на Општината, меѓу кои примарен е развојот на културниот туризам.

Големина на фонт
Контраст