Градежни активности на локалниот пат кон с.Станци

Продолжуваат градежните активности околу  изградбата на локалниот пат кон село Станци  кои започнаа во тек на месец октомври минатата година. Во тек се градежните активности околу поставување на дренажаните цевки  по должината на целиот пат.

 

Со проектот се превидува реконструкција и проширување на оштетениот коловоз во должина од 3.6 км  со комплетно решавање на одводнувањето како и продолжување на  изградба на нов коловоз во  должина од 900 метри.

Средствата за проектот се обезбедени од Владата на Р.Македонија преку Државната агенција за патишта. Динамиката на извршување на градежните работи е околу 10 месеци.

Изведувач на граддежните работи е  градежната фирма АД  „Гранит“ Делчево.

 

Големина на фонт
Контраст