“TRASH FASHION* на кривопаланечките гимназијалци

Огромна креативност, талент и умешност во изработка на модни креации од отпаден материјал покажаа кривопаланечките гимназијалци на модната ревија „Trash Fashion, која беше организирана во СОУ„Ѓорче Петров“. Младите талентирани дизајнери изработија прекрасни креации за еко манифестацијата во рамките на ликовно-творечките активности, под менторство на професорот по ликовна уметност и академски сликар Роберт Цветковски.

Средношколците и нивните модели покажаа како од хартија, пластика, грамофонски плочи, ЦД-а, весници, салфети, картони, цевчиња, стара облека и друг отпаден материјал може да се дизајнира креативен, естетски и привлечен производ. И тоа од фустани, па се до обетки, чевли, чанти и други дизајнерски асесоари за комплетен моден дизајн. Сите 20-тина креации, освен една, се изработени тимски во групи од по 3-5 ученика.

На модната писта во Гимназијата продефилираа преубавите средношколци, меѓу кои храброст да се покаже како модел имаше само едно машко. Сите тие ја одушевија бројната публика, која ги награди со огромен аплауз и им  честиташе на нивната макотрпна работа и дизајнерска вештина.

На еко манифестацијата, жирито, составено од нивните професори, избра три најдобри и најинвентивни креации.

 

 

 

Големина на фонт
Контраст