Положено свежо цвеќе на споменикот на бранителите

Градоначалникот на Општина Крива Паланка Арсенчо Алексовски со претставници на општинската адмнинистрација на 5-ти мај положија свежо цвеќе на споменикот на загинатите македонски бранители Горан Стојановски, Момир Стојановски и Јане Јакимовски. Свежо цвеќе на споменикот положија и роднините на бранителите како и претставници на полициската станица  Крива Паланка, ОДГ Деве Баир, Полицискиот синдикат, други видни личности и други органи и институции.

Традиционално и оваа година во спомен на загинатите бранители Градоначалникот на Општина Крива Паланка го отвори спортскиот турнир во мал фудбал, кој се одржува 11 години по ред. На турнирот учество зедоа екипите : ПС Крива Паланка, ПС Свети Николе, ТППЕ Крива Паланка, екипата ГОР-ЈАН, ПС за ОДГ Крива Паланка, ЦИ Деве Баир Крива Паланка, ПСГК Деве Баир, ПС Кратово и од Здравствениот дом Димитар Арсов Крива Паланка.

 

Големина на фонт
Контраст