Рели „Калин Камен“ 2012

Почитувани,

Општина Крива Паланка и Здружението на граѓани  Авто мото клуб  „Офф Роад Осогово“ имаат чест да Ве поканат на четвртата по ред спортска манифестација Рели „КАЛИН КАМЕН“ 2012. Релито  ќе се одржи на 24 мај во чест на сесловенските просветители Св.Кирил и Методиј.  

Манифестацијата има ревијален карактер и  се одржува под мотот „Да ги запознаеме убавините на Осоговските планини.  Должината на патеката е 64 километри, 80 отсто од патеката е неасфалтиран пат, висинската разлика е 1.500 метри со највисока точка Царев Врв  (2.085 метри надморска височина). Патеката започнува на  плоштадот во Крива Паланка, поминува низ прекрасните предели на Осоговските Планини, се до манастирот Св.Јоаким Осоговски, каде се организира заеднички ручек на сите учесници. На Царев Врв е договорена средба со рели учесниците од соседните општини.

Котизацијата за учество изнесува 600 денари по возило и треба да се уплати на следнава жиро сметка (уплатата може да се изврши и на самиот старт):

ЗГ „АМК  ОФФ РОУД ОСОГОВО“ Крива Паланка

жиро сметка: 240-3500020389-03

депонент на: Уни Банка АД Скопје

со назнака: котизација за Рели  Калин Камен 2012 /име на екипа

Ве молиме да го пријавите Вашето учество  најдоцна до  20.05.2012 г.

Лице за контакт: Душко Арсовски 031/372-130, 076 236 557

 

Прилог –  Агенда
                Правилник

                Мапа

Општина Крива Паланка
      Градоначалник,
Арсенчо Алексовски

 

 

Големина на фонт
Контраст