Да ти кажам една тајна за животната средина

Денес во Подрачното општинско училиште „Илинден“ од с. Конопница гостуваа актерите од Детски театарски центар Скопје со претставата „Да ти кажам една тајна за животната средина“  што претставува промоција на истоимента брошура.

Проектот е финансиран од Европската Унија, а самата претстава беше изведена во училишниот двор што соодветствуваше со темата која е опфатена во претставата.

Интерактивниот карактер на самата претстава дозволи и учениците да бидат дел од истата, каде можеа да ги искажат нивните сознанија за животната средина, за нејзина заштита, но и на интересен начин да ги збогатат своите знаења со нови информации.

Главните актери во претставата беа Зарие Јонузи со ликот на лисицата Лиле и Бесфорт Идризи со ликот на детето Томе кои на интересен начин ги мотивираа учениците од прво до петто одделение кои ја посетуваат настава во оваа училиште повеќе да се грижат за животната средина и нивната улога во подигање на еколошката свеста во локалната заедница.

 

 

Големина на фонт
Контраст