Туристички водич за Крива Паланка изработен од англиската секција при СОУ „Ѓорче Петров“

Директорот на СОУ „Ѓорче Петров“, Миле Милковски, придружуван од неколку професори како и дел од учениците – автори на публикацијата, ја посетија Општината и на градоначалникот Арсенчо Алексовски го презентираа Туристичкиот водич за општина Крива Паланка.

Публикацијата првично беше промовирана по повод 52 годишнината од формирањето и одбележување на патрониот празник на СОУ „Ѓорче Петров“.

Водичот ги содржи географските и  историските карактеристики на општината, природните убавини, културно-историските споменици, сакралните објекти и кривопаланечката традиција, а исто така се наведени и локалните институции, терените за спорт и рекреација, културните и спортски манифестации и угостителските објекти со нивните сместувачки капацитети.

Од страна на присутните, Градоначалникот беше информиран дека  публикацијата ја имаат изработено членовите на англиската секција при СОУ „Ѓорче Петров“ под менторство на Кристина Антовска, Елена Тодоровска и Елена Јакимовска, со поддршка на директорот Миле Милковски.

Градоначалникот разгледувајќи ја книгата истакна дека истата е квалитетно изработена и дека ова е пример што треба да го следат и останатите ученици во подготвување и реализација на вака корисни проекти.

Големина на фонт
Контраст