Презентиран проектот„Туризам без граници“ во Ќустендил, Р.Бугарија

На 25.04.2012 претставници на Општина Крива Паланка присуствуваа на презентација и пуштање во употреба на туристичките инфо-терминали во Ќустендил, Р.Бугарија.  Поставувањето на терминалите е дел од проектот „Туризам без граници“ со кој се обезбедени средства во висина од 299.648 евра од ИПА Програмата за прекугранична соработка наменети за поставување на  четири инфо –терминали во Ќустендил, два во Крива Паланка и два во Штип.  

Во рамките на проектот е  изработена и Стратегија за промоција на туризмот во пограничниот регион, насочена главно кон трите општини носители на проектот.

На презентацијата на проектот беше истакнато дека Општина Крива Паланка и Ќустендил со овој проект ја започнаа соработката во делот на искористување на европските фондови за прекугранична соработка која продолжува со припрема на нови проекти кои ќе ги доближат ове две географски блиски општини.

Во почетокот на месец мај е планирано пуштање во употреба на инфо-терминалите во Крива Паланка, лоцирани во градот до основното училиште Јоаким Крчовски (Партизан) и во комплексот на манастирот Св.Јоаким Осоговски.
Големина на фонт
Контраст