ООУ „Јоаким Крчовски“ – еко активности

Општинското училиште „Јоаким Крчовски“ се стреми да се вклучи во мрежата на Еко училишта во светот со прифаќање на еколошката едукација во образованието на учениците, односно со усвојување на заштитата на животната средина како една од основните вредности во образованието на младите генерации.

Градоначлникот на Општината Крива Паланка Арсенчо Алексовски во тој контекст организираше прием на Еко одборот и менторите  на наградени еко одделенија.  Притоа членовите на Еко одборот му врачија пофалница на Градоначалникот за досегашната подршка на активностите на Еко одборот, а му поклонија и репрезативни ученички творби – изработки од организираната изложба на тема „Чиста и здрава животна средина“,  која беше отворена по повод патронот на училиштето.

На состанокот од страна на членовите на Еко одборот беа презентирани досегашните реализирани активности како и активностите кои се планираат во иднина. Градоначалникот истакна  дека Општината и понатаму ќе ги подржува еколошките активности на училиштето со цел училиштето да го добие признанието и предзнакот на Еко училиште, со заклучок дека ако имаме  еколошки едуцирана младина ќе имаме и чиста и здрава животна средина во иднина. Во разговорот беа искажани и  одредени мислења во  однос на состојбата на животната средина во градот како и предложени мерки за нејзино решавање.

На состанокот присуствуваше и Директорот на ЈП „Комуналец“ кој исто така од Еко одборот прими пофалница и репрезативни изработки како благодарност за соработката во делот на заштитата на животната средина.

 

 

Големина на фонт
Контраст