ЦПЛИП „Порака“ на средба со градоначалникот

Претставници од ЈУ Центар за социјална работа и Дневниот центар за лица со посебни потреби, кој функционира во рамки на ЦПЛИП „Порака“, одржаа работна средба со Градоначалникот,  г. Арсенчо Алексовски. Оваа посета првично беше планирана за Денот на хендикепираните лица, но поради оправдани причини се одржа покасно.

На состанокот од страна на секретарот на ЦПЛИП „Порака“, Михајло Колев,  беа изнесени активностите на оваа организација кои се  насочени кон решавање на прашања и проблеми на категорија на лица со интелектуална и комбинирана попреченост во развојот, со посебна напомена дека организацијата опстојува 30 години.

Исто така на состанокот беше изнесено дека ќе се формира координативно тело од претставници на Општина Крива Паланка, ЈУ Центар за социјална работа и ЦПЛИП „Порака“, задолжено за  решавање на  проблемите  на лицата со посебни потреби, согласно со програмските активности.

Големина на фонт
Контраст