Подготовки за Рели „Калин Камен 2012“

Општина Крива Паланка и Здружението на граѓани АМК „Офф Роад Осогово“  ги започнаа подготовките за организација на четвртата по ред спортска манифестација  Рели „Калин Камен 2012“. Релито традиционално се одржува на 24 Мај  во чест на сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј под мотото „Да ги запознаеме убавините на Осоговските Планини“.

Целта на манифестацијата која има ревијален карактер е да се запознаат природните убавини, културните и историски споменици на Осоговието преку едно возбудливо рели возење. Должината на патеката е 64 километри, 80 отсто од патеката е неасфалтиран пат, висинската разлика е 1.500 метри, а највисока точка е Царев Врв  (2.085 метри надморска височина).

Стартот е предвиден на плоштадот во Крива Паланка, потоа преку прекрасните предели на Осоговските Паланини, каде попатно се приклучуваат  екипите од Штип, Пробиштип, Кочани, Македонска Каменица, Кратово и Ранковце, на Царев Врв се организира заедничко дружење од каде учесниците се упатуваат кон манастирот Св.Јоаким Осоговски.

Рокот за пријавување е отворен и ќе трае до 20 мај.

Лице за контакт: Душко Арсовски

тел. 031/372-130, 076- 236 -557

Големина на фонт
Контраст