Посета на децата од Дневниот Центар

По повод Велигденските празници,  децата со посебни потреби од  Дневниот Центар  беа во посета кај Градоначалникот на Општина Крива Паланка. Во рамки на посетата тие му подарија вапцани јајца кои што сами ги изработија  како дел од активностите  на  Центарот.